Канадско село во кое Викинзите пристигнале пред Колумбо

Точка

24/03/2022

18:38

38.623

Големина на фонт

а а а

На самиот север на Њуфаундленд во Канада се наоѓа село за кое се смета дека го населиле Викинзите уште во 1021-ва година, а неговото име е Ланси Медоуз.

Според истражувањето кое неодамна било објавено во списанието "Nature", а го пренесува "CNN", Викинзите го "претркале" Колумбо и станале првите луѓе кои го минале Атлантикот до Америка. Стеблата потсечени со метални острици, какви што староседелското население не познавало, се еден од траговите кои Викинзите ги оставиле зад себе.

Северноевропските морепловци и војници имале извонредни вештини за градење на бродови, но им недостасувале сировини па тргнале во потрага по алтернативни извори, сметаат историчарите.

Ланси Медоуз би можел да биде легендарниот Винланд, овековечен во викиншките саги како местото кое се користело за обновување на резервите на храна при движењето на експедициите на запад. Некои експерти веруваат дека Викинзите пристигнале дури до Северна Америка и Големите езера, иако доказите за тоа се на ниво на претпоставка.

Колку долго Викинзите се задржале во Ланси Медоуз не е познато, но се смета дека станува збор за неколку години, најмногу деценија. Се претпоставува дека стотина Викинзи зад себе оставиле градби кои наликуваат на нордиските згради на Гренланд и Исланд.

Без разлика на историјата, Ланси Медоуз е место кое вреди да се посети, најпрво поради природните убавини. Се наоѓа на 51 километар возење од аеродромот Сент Ентони и пет часа возење од Националниот парк Грос Морн.