[ФОТО] Мадона се пофали со чанта од 100.000 долари: Направена од крокодилска кожа, може да се нарача само со покана

Точка

14/06/2025

19:31

1.158

Големина на фонт

а а а

Поп-иконата Мадона неодамна се пофали со луксузна чанта вредна 100.000 долари, или околу 86.000 евра, на својот инстаграм-профил.

Станува збор за модел на Нирвана од модната куќа „Аупен“, и иако чантата е омилен додаток на други познати личности, моделот на поп-кралицата е различен од другите. Чантата е изработена од крокодилска кожа и се нарачува исклучиво со покана.

Патем, поевтини модели од телешка кожа можат да се купат за 340 долари. Брендот „Аупен“ е релативно нов бренд кој е основан во 2022 година од сингапурскиот дизајнер и претприемач Николас Тан.


Покрај Мадона, сопственичка на луксузната чанта е Тејлор Свифт, која е меѓу првите познати личности видени со оваа чанта, а ја носеше на свадбата на Џек Антоноф и Маргарет Квејли во 2023 година.

Покрај неа, чантата во различни бои ја носеа Флоренс Пју, Џена Ортега, Селена Гомез, Чарли XCX, Пријанка Чопра и Кери Вашингтон.