Србија избира претставник на Евровизија - кој е вашиот фаворит?

Точка

05/03/2022

22:59

12.526

Големина на фонт

а а а

Вечерва се одржува финалето за натпреварот „Песна за Евровизија 2022“, каде публиката од Србија ќе го избере својот претставник на Евровизија во Торино.

Судејќи според статистиката и коефициентот во обложувалниците, Сара Јо има најголеми шанси за победа со песната „Мушкарчина“, пренесува српски Телеграф.

Песната ја напишале Слободан Вељковиќ Цоби и Бојана Вунтуришевиќ, а со оглед на популарноста на звукот на кој овие двајца музичари моментално работат во Србија, јасно е зошто е фаворит. Песната со енергијата на Сара и модерниот начин на претставување на звукот пред слушателите веќе стана хит.

Сара Јо настапи со група танчери, меѓу кои е и нејзиното момче Жига Сотлар, кој инаку е кореограф.

Втор фаворит е Зорја Пајиќ со коефициент 2.20. Нејзината песна го носи нејзиното име „Зорја“ која ја напишала со сопругот Лазар Пајиќ. Претходно оваа пејачка учествуваше и се прослави на натпреварот Гранд Стар.

„Навистина се трудевме секој дел од песната да има смисла и да вложиме многу труд и размислување во него, но и тој уметнички дел. Песната е од евровизиски карактер, тоа е можеби нејзиниот најдобар опис“, изјави Зорја во интервју за порталот Нова.рс.

Фолкерот Аца Лукас со песната „Оскар“ има квота 3,00. Лукас е еден од најпопуларните музичари во Србија и регионот, а неговиот препознатлив звук може да се слушне од многу звучници на Балканот, па не е чудно што песната добро котира во обложувалниците.

Песната е напишана од Мира Мијатовиќ, а компонирана е од Саша Николиќ и Саша Мирковиќ.

Покрај тројцата, вечерва настапуваат: Тијана Дапчевиќ, Оркестарот Аце Софронијевиќ, Зои Кид, Зејна, Гифт, Грамофонџије, Наива и Чеги и Браќа блуз, Бибер, Лифт, Констракта, Ивона, Анџелина, Марија Микиќ и Ана Станиќ.

Првата полуфинална вечер на Евровизија ќе се одржи на 10 мај во Торино, Италија.