Шефот на одделението на "Samsung" за паметни телефони, пред новинарите рекол дека повеќе не треба да се очекуваат телефони од брендот "Galaxy Note".
Со лансирањето на "Galaxy S22 Ultra", било прилично јасно дека "Samsung" завршил со "Note" серијата на уреди. Сепак, компанијата никогаш конкретно не кажала дека брендот е мртов, барем не до сега.
Шефот на одделението на "Samsung" за паметни телефони, пред новинарите рекол дека повеќе не треба да се очекуваат телефони од брендот "Galaxy Note".

Наместо тоа, тој вели дека "Galaxy Note" ќе излегува како "Ultra" секоја година во иднина.
Компанијата го прескокнала лансирањето на "Galaxy Note" во 2021-ва, така што овие вести и не се баш изненадување. Имало показатели дека компанијата се подготвува да го укине брендот "Note", уште од лансирањето на "Galaxy S21 Ultra" и се поголемото влијание на недостигот на чипови на достапноста на најдобрите "Android" телефони.

Иако можеме да очекуваме дека во иднина брендот "Galaxy Note" ќе почива на "Ultra" телефоните, кружат гласини дека "Samsung" се подготвува да вклучи вградено "S Pen" пенкало во "Galaxy Z Fold 4".
Се очекува свитливиот уред да биде претставен подоцна оваа година.








