(Видео) Емотивно обраќање на македонската инфлуенсерка Александра Шијакоска: „Извесен период нема да се дружиме, ми открија тумор на главата“

Точка

21/02/2022

21:09

11.346

Големина на фонт

а а а

Младата македонска инфлуенсерка Александра Шијакоска, во саботата на својот Инстаграм профил објави емотивно видео во кое им се обрати на своите следбеници.

Шијакоска во видеото соопштува дека неодамна ѝ откриле тумор на главата и дека поради нејзината здравствена состојба одреден период нема да биде присутна на социјалните мрежи.

„Ролеркостер! Ако треба со еден збор да ви го опишам мојот живот во последните неколку години, тоа би било тоа...“, го започна своето обраќање Шијакоска.

Таа под објавеното видео кое е навистина емотивно, напиша:

„Најсакани мои пријатели, роднини, соработници, луѓе кои ме познавате или не, сакам да ве известам дека извесен период нема да се дружиме. Во видеото се наведени причините за тоа и уште нешто што ми лежи на душа. После видеото го предавам телефонот на друг и нема да можам да прочитам ниедна порака.

Ве замолувам доколку имате препорака за добар доктор (неврохирург) кој би можел уште еднаш да ги погледне резултатите, некаков контакт кој би можел да ни помогне или некој сличен случај да го споделите. Пораките ќе бидат прочитани за да не пропуштиме некоја важна информација која може да ни помогне, но не од мене. Со мене се гледаме по операцијата со Господ напред“

На Александра ѝ посакуваме успешна операција и што побрзо повторно да се врати на социјалните мрежи со нејзините модни објави кои се инспирација за многу од девојките во Македонија.