Медведев за односите со Ангела Меркел: Беше конструктивен партнер на Москва и полна со разбирање

Точка

27/01/2022

20:37

1.814

Големина на фонт

а а а

Медведев рекол дека иако Меркел не можела да се согласи со некои аргументи, секогаш ги слушала и одговарала на нив.

Ангела Меркел како германска канцеларка не била лесен партнер за Москва, таа била конструктивен партнер и партнер кој има разбирање, изјавил денеска заменик претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.

„Според моето мислење, таа беше за нас, и за мене лично и за претседателот и за нашите останати колеги кои работеа со неа, сигурен сум, не лесен, но конструктивен партнер кој имаше разбирање“, рекол тој, пренесува "TAS S".


Според неговите зборови таа била конструктивна, бидејќи секогаш било можно да се дојде до компромис со неа и имала разбирање бидејќи можела да сослуша аргументи.

Медведев рекол дека иако Меркел не можела да се согласи со некои аргументи, секогаш ги слушала и одговарала на нив.


„Не и беше лесно, бидејќи многу често имаше став кој беше многу различен од нашиот, посебно по 2014-та година“, додал заменик претседателот на Советот за безбедност на Русија.

Според неговите зборови, откако Меркел ја напуштила функцијата, Германија се соочила со извесен недостиг на кадри.


Таа долго беше на чело на Германија, а улогата на Германија во Европската унија не може да се прецени, смета Медведев.

„Ерата на Меркел е завршена“, навел тој.

Сега, како што истакнал, јасно е дека сите се прашуваат кој ќе ја води Европа и како ќе се развива политиката во Германија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг