Утре променливо облачно време со температура до 21 степен

Макфакс

25/09/2026

17:53

134

Големина на фонт

а а а

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и температури кои ќе достигнат до 21 степен. Во Скопје се очекуваат слични услови со максимална температура до 20 степени, а следната недела ќе биде потопло со сончеви периоди и повремен дожд.

Времето утре ќе биде променливо облачно. Претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен.

Во Скопје, облачно. Во текот на ноќта и во претпладневните часови ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Во недела и до крајот на следнава работна седмица ќе се задржи променливо облачно и потопло време со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.