(Видео) Првиот македонски транс актер со емотивна исповед: „Моите без влакна на јазик не ме прифатија како Лео, затоа и сум со повредено око“

Точка

27/01/2022

21:52

28.529

Големина на фонт

а а а

Македонскиот актер Лео Поповиќ, кој 26 години претходно го носеше името Долорес Поповиќ, неодамна на јавноста ѝ откри дека е транс лице.

Поповиќ има 27 години, музичар е и има завршено на Факултетот за драмски уметности. Во последниов период се соочува со сериозни животни ситуации, откако конечно ја донел одлуката да стане маж, иако во моментов сè уште не направил операција за промена на полот.

Можеби ќе ве интересира: Долорес Поповиќ за Точка: „Сите мои авторски песни започнаа како интимен подарок за мојот партнер“

Лео на оваа тема доста отворено зборува на неговите профили на социјалните мрежи, а неодамна гостуваше и во „Урбан Late Morning“ на „ТВ21“, каде откри многу детали од процесот на својата транзиција, откривањето пред себе, пред пријателите, а на крајот и пред семејството.

Актерот со солзи во очите признава дека неговата мајка откако ја слушнала одлуката, бурно изреагирала, а сестра му физички го нападнала, поради што во моментов и изгледа како што изгледа (има модринка на левото око). Во исто време, неговиот татко, кој е разведен од неговата мајка, целосно го поддржува.

Лео не живее веќе во домот на неговата мајка, сестра и домашното милениче, па во интервјуто признава дека секојдневно знае да заплаче, бидејќи многу му недостасуваат.

Како се одлучил на овој чекор, зошто токму сега, како го прифатило општеството, што велат луѓето од неговата заедница и многу повеќе, дознајте од неговото гостување во „ТВ21“.

Ц.Н.



Спонзорирани линкови

Маркетинг