Жена се качила врз автомобилот кој ѝ тонел во река за да направи селфи

Точка

18/01/2022

17:25

19.575

Големина на фонт

а а а

Колку некои луѓе се опседнати со паметните телефони и правењето селфија, покажала една Канаѓанка која се качила врз нејзиниот автомобил кој тонел за да позира за фотографија.

Откако со автомобилот наишла на река прекриена со лед и возилото започнало да тоне, жителите во близина притрчале напомош за да го спасат животот на жената. Но, колку таа се грижела за целата ситуација најдобро зборува фактот дека го извадила паметниот телефон за да ја овековечи целата ситуација.

Размислувајќи како да ја извлечат, лицата во близина подготвиле јаже и кајак, а жената за тоа време се качила на врвот на автомобилот и, како да не се наоѓа во животна опасност, правела селфија.

За „потребите“ на фотографиите дури покажала и широка насмевка, а покрај тоа што прошла без повреди, по оваа сцена се нашла на мета на осуда на интернет.

„Таа се фотографира додека луѓето гледаат како да ѝ помогнат“, „Америка 2022“, „Болно“, „Реката ѝ го проголтала автомобилот, но барем станала популарна“, „Живееме во толку погрешно време“, „Мислам дека нема фотографија која подобро ја опишува денешната ситуација“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Полицијата од Отава известила дека автомобилот пропаднал низ мразот на заледената река и започнал да тоне со прилично голема брзина.

„Ниту една замрзната површина не е безбедна, бидете исклучително внимателни“, предупредиле тие.



Спонзорирани линкови

Маркетинг