Синот на славниот пар позирал за насловната страница на „GQ“, луѓето велат дека е „копија“ на неговиот татко

Точка

17/01/2022

20:46

21.773

Големина на фонт

а а а

Ромео Бекам, синот на Викторија и Дејвид Бекам, позирал за насловната страница на корејското издание на магазинот „GQ“.

Ромео има само 19 години, но веќе има блескава кариера. Тој е член на фудбалскиот клуб „Форт Лодердејл“, а сега запловил и во модните води.

„GQ“ претходно го прогласи за најдобро облечен Британец, а многу читатели се сложиле дека на фотографиите наликува на својот татко во младите денови.

Викторија Бекам ја споделила објавата на Ромео и напишала: „Не можам да бидам погорда“, а гордиот Дејвид исто така се пофалил со својот син со зборовите: „Одлична насловна страница. Те сакам“.

Претходно овој месец, Ромео откри дека има нова тетоважа во облик на крст со ангелски крилја, речиси иста како онаа која ја има Дејвид.



Спонзорирани линкови

Маркетинг