Видео: Ѓоковиќ ја напушти Австралија

Макфакс

16/01/2022

13:59

2.528

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ е депортиран од Австралија. Во придружба на австралиската гранична полиција, тој денеска се качи на летот што требаше да поаѓа од Мелбурн за Дубаи во 12:30 часот и полета со мало задоцнување, јавуваат светските агенции.

Српскиот тенисер по 11 дена правна борба ја напушти Австралија, која ја загуби. Половина час пред летот на социјалните мрежи се појавија првите фотографии од Ѓоковиќ по судската одлука за депортација.

Снимен е на аеродромот во Мелбурн во друштво на Горан Иванишевиќ и други луѓе кои се грижат за неговата кариера. Ѓоковиќ, според медиумите во регионот од Австралија ќе лета за Дубаи, каде потоа ќе се префрли на лет за Белград а утре претпладне го очекуваат во Србија.

Во новинарските написи се потсетува дека австралискиот федерален суд денеска пресуди против Новак Ѓоковиќ во случајот против министерот Хок. Најдобриот светски тенисер пристигна во Австралија на првиот Грен слем сезонава со медицинско ослободување од вакцинација. Прво му беше одбиена визата, а потоа ја доби по жалбата на суд. Потоа, австралискиот министер за имиграција Алекс Хок му ја откажа визата и двете страни повторно завршија на суд.

Со денешната судска одлука, Ѓоковиќ ќе остане без настап на турнирот кој го освои рекордни девет пати. Тој ќе остане без шанса да го освои 21. Грен слем во кариерата и на тој начин да им побегне на Роџер Федерер и Рафаел Надал кои имаат и по 20 титули.



Спонзорирани линкови

Маркетинг