Рекорден број на новозаболени од Ковид-19 во последното деноноќие, 7 лица го загубија животот

Точка

11/01/2022

16:24

4.016

Големина на фонт

а а а

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени се 7.724 тестови, а регистрирани се 1.964 нови случаи на Ковид-19.

Во: Скопје – 1070, Битола – 226, Прилеп – 122, Куманово – 52, Охрид – 51, Валандово – 44, Радовиш – 35, Велес – 32, Гевгелија – 31, Кавадарци – 29, Тетово и Кочани по – 22, Гостивар и Крушево по – 21, Струга и Струмица по – 20, Кичево и Крива Паланка по – 17, Ресен и Богданци по – 13, Штип, Неготино и Делчево по – 12, Свети Николе – 10, Кратово – 9, Демир Хисар – 8, Берово, Пробиштип, Македонски Брод и Пехчево по – 4, Дебар, Виница и Македонска Каменица по – 2, Демир Капија – 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 2 починати лица од Скопје (82г и 87г), 2 починати лица од Прилеп (74г и 86г) и по едно починато лице од Ресен (67г), Струга (71г) и Крива Паланка (39г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се 6 лица, 2 починати лица од Гевгелија (66г и 78г) и по едно починато лице од Скопје (71г), Битола (78г), Делчево (70г) и Кавадарци (76г), починати во период од 30.12.2021-08.01.2022г. Починатите се на возраст од 66 години до 78 години. Од пријавените 3 лица се починати во болнички услови и 3 во домашни услови.

Направени се 7.724 тестови преку: ИЈЗ-584, ЦЈЗ Скопје-117, ЦЈЗ Битола-121, ЦЈЗ Прилеп-61, ЦЈЗ Тетово–20, ЦЈЗ Куманово-97, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-23, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–4, Жан Митрев (Филип Втори)-192, Авицена-409, Биотек-511, Систина-147, лабораторија Лаор-314, Синлаб-78, Ремедика-31, Плодност-146, Генеа-36, Никоб Лаб-755, ВФВ Медикал-77, Ели Медика-136, Ројал Медика–46, Спектра-ММ-50, Рапид Лаб–47, Жан Митрев Струмица–24, Нова Лаб Дијагностика–5, Рамус-51, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.642.

Досега во земјата се направени вкупно 1.672.767 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 236.241, бројот на оздравени пациенти е 215.853, на починати е 8.055, а бројот на активни случаи изнесува 12.333, информираат од Министерството за здравство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг