На Табановце уапсен Црногорец: возел со 185 км/ч на место каде максималната дозволена брзина е 100км/ч

Макфакс

15/10/2026

09:53

132

Големина на фонт

а а а

На граничниот премин Табановце е уапсен црногорски државјанин поради управување на моторно возило со брзина од 185 км/ч на место каде максималната дозволена брзина е 100 км/ч. По целосно документирање на случајот ќе следи кривична пријава.

Вчера во 14:25 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода 34-годишниот М.Н. од Црна Гора, откако при проверка на патничко возило „бмв“ со црногорски национални ознаки, кое го управувал, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Имено, претходно на автопатот Скопје – ГП Табановце, кај клучка Дељадровци, управувал со возилото со брзина од 185 километри на час на место каде максимално дозволената брзина 100 километри на час.

Тој бил спроведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.