Спас за упорната кашлица: Подгответе природен чај за искашлување од 2 моќни состојки

Точка

10/01/2022

12:39

25.767

Големина на фонт

а а а

Во текот на респираторните инфекции, покрај медицинските лекови, неопходно е да пиете и домашни чаеви кои ќе ви помогнат да ја исчистите слузта од белите дробови.

Освен напитоците од ѓумбир, лимон и мед, испробајте го и овој чај кој вклучува 2 главни состојки - ленено семе и мајчина душица.

Чајот од ленено семе и мајчина душица помага во разредување и исфрлање на наталожената слуз од белите дробови, делува и кај сувата надразлива кашлица и ги опушта бронхијалните мускули.

Ленено семе - ефикасна помош кај сувата и продуктивната кашлица

Кога се потопени во вода, семките од лен испуштаат лековита слуз која делува смирувачки и успешно ги чистат бронхиите.


Освен тоа, лененото семе е богато со влакна, па секако ќе помогне и во правилната дигестија, а богато е со омега-3 масни киселини и манган.

Мајчина душица - природен лек за кашлица

Познато е дека мајчината душица делува антибактериски, антимикробно и антивоспалително. Оваа билка ја ублажува кашлицата, бронхитисот и сите тегоби поврзани со респираторниот систем.


Мајчината душица се покажала делотворно и кај бронхитисот и упорната кашлица кај деца.

Чај за искашлување - рецепт

Потребни состојки:

- 3 лажици ленено семе
- 1 лажица сушена мајчина душица

Начин на подготовка:

Во тенџере ставете 3 лажици ленено семе, прелијте со половина литар вода и оставете да врие околу 10 минути.

Потоа додајте една лажица мајчина душица, тргнете го тенџерето од оган и оставете го поклопено 20 минути. Процедете и пијте повеќепати во текот на денот, по една до две голтки.

Чајот секогаш треба да биде млак кога го пиете.