НБА ѕвездата Џоел Ембид еуфорично го прослави триумфот на Макс Ферстапен на трката во Абу Даби, а со тоа и првата титула за Холанѓанецот во Формула 1 шампионатот.
Кошаркарот на Филаделфија очигледно е голем фан на Формула 1, но и на Ферстапен, а самиот објави видео на кое ја прославува големата победа на вчерашната трка.
Ембид реагираше како што веројатно реагираа најголем број фанови на Ферстапен ширум светот, но на социјалните мрежи заработи и многу критики и зајадливи коментари.
Фановите на кои не им се допадна неговата реакција и фактот што навива за возачот на Ред Бул се обидоа да му се реваншираат со зајадливи коментари под неговото видео.
GOATSTAPPEN ????? pic.twitter.com/9h7wytW1Hp
— Joel “Troel” Embiid (@JoelEmbiid) December 12, 2021