Бајден: Праќање на американски војници во Украина не е опција

Точка

10/12/2021

16:10

4.088

Големина на фонт

а а а

Шефот на украинската дипломатија ја предупредува Москва дека во случај на војна "ќе има многу загинати руски војници".

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјавил дека нема да нареди праќање на американски војници во Украина како одговор на можна руска инвазија.

"Таа опција не е на масата. Идејата дека САД унилатерално ќе користи сила да се соочи со Русија во случај на нејзина инвазија на Украина моментално не е реална. Но во случај таа инвазија да се случи, ќе има сериозни последици", им рекол Бајден на новинарите пред Белата куќа, пренесува "VOA".

Меѓутоа, дури и без праќање на американски војници, највисоките службеници во Белата куќа и Пентагон истакнале дека и натаму постојат начини Вашингтон да ја засили одбраната на Киев.


"Постојат опции да се прошири безбедносната помош за украинската самоодбрана", изјавил потсекретарот за политика во Пентагон, Колин Кал, укажувајќи на испорака на муниција, противтенковски системи, радари и друга опрема.

Според Кремљ, Путин во текот на разговорот преку видео-линк му нагласил на Бајден дека Украина не го применувала договорот од Минск од 2015-та година, чија цел е да се сопрат судирите во Донбас во источна Украина, и изразил сериозна загриженост поради провокативните акции на Киев во Донбас. Рускиот лидер го обвинил НАТО дека прави опасни обиди да ја освои украинската територија и дека собира воени капацитети во близина на руската граница, соопштено е од Кремљ, пренесува "Tanjug".

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, изјавил дека многу руски војници би загинале доколку Русија започне инвазија на неговата земја.


"САД и сојузниците можат да удрат на Русија економски. Ние ќе се бориме на земја. Жал ми е што ќе го кажам ова, но би имало многу загинати руски војници, се надеваме дека претседателот Путин не би сакал тоа да се случи", рекол Кулеба за "Sky News" во текот на официјалната посета на Велика Британија.

Меѓународните партнери на Украина се подготвени да се приклучат на санкциите против Русија во случај на нова инвазија на Украина, соопштил шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба, додавајќи дека пакетот санкции опфаќа три нивоа - политички, економски и безбедносни, јавува "Beta".



Спонзорирани линкови

Маркетинг