Тажна вест: По тешко боледување почина таткото на легендарниот Тоше Проески - Само еднаш се огласи во јавност по смртта на синот!

Точка

02/05/2024

10:52

9.487

Големина на фонт

а а а

По тешко боледување почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.

„Светол патот, татко мој“, напиша таа.

Svetol patot tatko moj.🕊️ 💔

Posted by Dora Proeska on Thursday, May 2, 2024

Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. Неговите родители, по смртта на синот, не се појавуваа во јавноста.

Како што во минатото за „Фокус” изјави сопругот на сестрата на Тоше, Славен Ристески, тие немаат сили да бидат дел од низата настани кои се организираа во чест на Тоше.

Единствен пат кога Никола Проески се огласи во јавност беше во 2015 година, по повод објавените снимки на СДСМ, според кои тогашниот министер за транспорт Миле Јанакиески и неговата колешка Елизабета Канческа-Милевска зборуваат за наводна партиска непослушност на семејството на Тоше.

Тогаш таткото на Тоше во изјава за 24 вести порача неговиот син да биде оставен да почива во мир.

- Праќам апел до целата јавност до сите Македонци, Албанци, Власи, Срби, Бошњаци, Роми, Турци и сите останати, јас Никола Проески велам ако сме криви нека излезе правдината на мегдан и ве замолувам да ми ја оставите фамилијата на раат, посебно син ми Тодор, гласеше неговиот апел.

Семејството Проески сè уште нема објавено детали за последното испраќање на таткото на легендарниот музичар и хуманист Тоше.



Спонзорирани линкови

Маркетинг