Заев: Свети Климент е жив паметник на нашата историјата и основач на Охридската школа

Макфакс

08/12/2021

12:37

2.325

Големина на фонт

а а а

Премиерот Зоран Заев им го честита на граѓаните празникот Свети Климент Охридски.

Тој истакна дека Свети Климент Охридски како еден од најблиските и најревносните соработници и учесници во мисијата на светите браќа Кирил и Методиј во Моравија за описменување на словенските народи, останал доследен на обврската што ја чувствувал да ги продолжи мисијата и делото на неговите учители, преку продлабочување и унапредување на духовната и просветната дејност.

„Свети Климент, како голем човек и силна личност, е жив паметник на нашата историјата и како основач на Охридската школа, позната и како „прв балкански и европски универзитет“. Записите велат дека низ оваа школа минале околу 3.500 ученици. Тоа е импозантен број за тогашните, а секако и за денешните времиња.

Тоа сведочи и за исклучителните организациски, но и обединувачки способности на светиот учител од Охрид во духот на христијанското заедништво.

Со Свети Климент Охридски се поврзани и почетоците на македонската писменост и јазик, и затоа по него денес се именувани универзитети, факултети, училишта“ напиша Заев во честитката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг