Мал водич: Одберете го вистинскиот џемпер според вашата градба

Fashionel.mk

07/12/2021

16:10

12.951

Големина на фонт

а а а

Во зима никогаш доста од џемпери. Понекогаш ќе видиме модел што ни се допаѓа, но не ни стои баш најдобро, а ќе си речете со џемпер не би требало да имам проблем.

Постојат неколку трикови кои ќе ви помогнат да го одберете најдобриот џемпер за вас.

Треба да обрнете внимание на материјалот, кројот, должината на ракавот и изразот.

А во продолжение прочитајте го и овој краток водич за полесен шопинг:

Тип на тело - јаболка

-Последниве години нагласените раменици како тренд се вратија на модната сцена, но ако имате широк горен дел тогаш ова и не е баш идеалниот за вас. Наједноставните парчиња, односно наједноставните џемпер за вас се и најдобар избор. Кроеви кои ја следат линијата на телото, но не се спремногу тесни се нешто со што нема да згрешите. Исто така, можете да се послужите и со трикот вовлекување на џемперот (ако е потенок) само од предната страна.


Тип на тело - круша

Ако сте во оваа група, тогаш кога купувате џемпери фокусирајте се на оние со израз напред - на преклоп или повисоко V, бидејќи погледите ќе бидат усмерени на вратот и лицето, а не на деловите што и инаку не сакате да ги истакнувате. Исто така, отворот на џемперот од едно рамо до друго е соодветен за ваков тип тело. Џемперот, секако ако е потенок, можете да го вовлечете во панталоните со висок струк за уште повеќе да го нагласите она што е потребно.


Ситна градба

Тенок струк или тесни раменици можете да ги избалансирате со модели на кои има нашиени детали кои го привлекуваат вниманието. Исто така, џемпери со потесен крој се ок избор, а избегнувајте долги џемпери или туники, бидејќи ваквата естетика и вишоко материјал може да 'ве проголта“.


Високи жени

Високите дами имаат повеќе можности за избор, а да не се грижат за должината на моделот. Можете да си дозволите долги џемпери кардигани, како и џемпери со ролка. Ако се одлучите за џемпер со пократка должина, можете да го искомбинирате со ѕвонести панталони со висок струк и така ќе го постигнете вистинскиот баланс.


Широк граден кош

Можеби ви звучи контрадикторно, но потесните модели подобро изгледаат на оваа градба, отколку широките. Ролките или џемперите со класичен околувратник се добар избор, но не мора да се премногу долги.


Тип на тело - атлетски

Џемперите со спуштени раменици или асиметрични кроеви ќе изгледаат секси и шик на вас. Должината прилагодете ја на вашата висина.


Освен овие посочени совети, секогаш внимавајте и на текстурата на моделот на џемперот.. На пример, дебелите волнени џемпери не се секогаш добра инвестиција, иако можеби така ви изгледа.

Џемперите речиси секогаш изгледаат добро во слоевити комбинации - со кошули со јака, ако е кардиган и во комбинација со ролка, потоа во комбинација со капути или преку мантил-фустани со подвиткани ракави.


Купувањето џемпери нека е планско, а во гардероберот секогаш имајте ги овие бои - џрна, сива, беж, тегет и бела/кремава, бидејќи се одлични за безброј комбинации. А секако, ако освен овие, имате уште некоја омилена боја, почестете се со по некое парче.



Спонзорирани линкови

Маркетинг