Зборувале дека е грда, а сега е најубавата пензионерка на светот: Кога ќе се појави во бикини ѝ завидуваат и 20 години помладите девојки

Точка

06/12/2021

13:28

18.833

Големина на фонт

а а а

Тајра сака да се нарекува себеси пензионерка иако и натаму ја има во јавниот живот на модата, па така пред две години позирала за „Sports Illustrated“, на чии страници била и две децении претходно.

Кариерата ја започнала на само 15 години, била првата жена афроамериканка која се појавила на насловните страници на списанијата „GQ“ и „Sports Illustrated“.

Титулата ангел на Викторија Сикрет ја носела од 1997 до 2005 година. А, на почетокот на овој век била едно од најплатените лица во светот на моделингот.

Сè тоа што Тајра го доживеала, на светот му го претставила во книгата „Modelland“ во 2011 година која била една од најпопуларните според „NYT“.

Но, таа е една од неколкуте жени која се нашла и на листата на највлијателни луѓе на планетата на магазинот „Time“.

Ја знаете и како водителка и продуцентка на реалити шоуто „America's Next Top Model“.

Кога станува збор за нејзиниот изглед, ѝ припишувале многубројни операции, а таа вели дека единствено нешто што оперирала е носот. Открила и дека со години носела перика. Сега гордо се носи со вишокот килограми, а не крие и дека во детството ја нарекувале „грдото пајче“.

Тајра на својот Инстаграм профил пред неколку години објавила и фотографија од купка за бебе, па тогаш било очигледно дека ѝ се остварила најголемата желба – станала мајка.


„Подарокот за кој толку многу се молев – конечно е тука. Има прстиња и крупни очи, а устата и брадата на тетка Ерика. Му благодарам на Бога за таа прекрасна жена-ангел која ни помогна да се оствариме како родители, а ние ќе продолжиме да се молиме за сите вас кои поминувате низ слично искуство“, напишала таа на Инстаграм.

Инаку, таа повеќе пати во интервјуата кои ги давала зборувала за борбата да се оствари како мајка и дека никогаш нема да се откаже додека не го пoстигне тоа.


„Кога наполнив 40 години поради еден факт не бев среќна. Не се остварив како мајка. Помислив: Часовникот отчукува“, изјавила таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг