Петмина повредени во сообраќајна несреќа на патот Охрид-Ресен

Макфакс

06/12/2021

12:12

1.736

Големина на фонт

а а а

Вчера во 17.35 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Ресен, кај село Опеница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(61) од Битола, патничко возило „фолксваген голф“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.К.(54) од село Делогожда, струшко, и товарно возило „ман“ со полуприколка, со албански национални ознаки, управувано од К.М.(57) од Р.Албанија.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачите Т.П. и Н.К., како и сопатниците од возилото „тојота“ К.П.(55) и Г.П.(40), двајцата од Битола, а со телесни повреди се здобил сопатникот од истото возило Б.М.(40) од Битола, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ и Општата болница во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.



Спонзорирани линкови

Маркетинг