Ова се финалистите во изборот за Европски автомобил на годината

Точка

30/11/2021

20:47

48.064

Големина на фонт

а а а

Од листата на 39 номинирани новитети, избрани се седум финалисти од кои еден ќе се закити со ласкавата титула Европски автомобил на годината.

Ова е првпат во историјата електричните автомобили да имаат апсолутна доминација. Така помеѓу финалистите влезе „Cupra Born“, првиот електричен модел на младата шпанска марка, а од истиот концерн доаѓа и „Škoda Enyaq iV“, електричен кросовер кој собра бројни позитивни критики.


Кога станува збор за нешто поголемите модели, приказната ја отвора „Renault Megane E-Tech“, а тука се и близнаците „Hyundai Ioniq“ и „Kia EV6“. Конечно доаѓаме и до „Ford Mustang“, но изданието „Mach-E“, што значи дека се работи за електричен кросовер.


Ако мислевте дека во финалето нема класици, се излажавте. За тоа се погрижија „Peugeot“ и неговиот компактен „308“. Новата генерација пристигна и се покажа како доволно добра за да влезе во финалето.

Прогласувањето на Европскиот автомобил за 2022 година е закажано за 28 февруари следната година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг