„Едно утро се разбудив со врзани нозе и раце“: По морничавите обвиненија на неговите жртви, полицијата влегла во станот на пејачот – еве што зеле како доказ

Точка

30/11/2021

13:23

8.099

Големина на фонт

а а а

Според пишувањето на „TMZ“ полицијата влегла во домот на Мерилин Менсон во Лос Анџелес откако музичарот четири жени го обвинија за сексуално насилство.

Мерилин Менсон, чие вистинско име е Брајан Ворнер не бил дома кога детективите од округот Лос Анџелес влегле во неговиот дом во Западен Холивуд.

Пејачот за сексуална злоупотреба го обвинија четири жени, меѓу кои и Есме Бјанко која е позната по улогата во серијата „Игра на тронови“.


Како што пренесуваат странските медиуми, полицијата од домот на Менсон го зела приватниот компјутер и хард дискот на кој биле складирани информации, за содржината да биде прегледана од страна на детективската канцеларија.

Британски „The Sun“ наведува дека полицијата ќе излезе со јавно соопштение во четврток.

Мерилин Менсон го обвини и поранешната девојка Еван Рејчел Вуд, а пејачот тоа го демантираше.

После неа и поранешната асистентка Ешли Волтерс поднела приватна тужба против пејачот поради вознемирување и сексуален напад.


Во правната документација Ешли тврди дека тој ја напаѓал после првиот работен состанок во 2010 година и дека веднаш ја повикал во куќата во Западен Холивуд. Ѝ рекол да ја соблече маицата и присилно ја фрлил на креветот откако претходно ја бакнал и ја гризнал за увото.

Иако првобитно сакала да го игнорира нападот и да продолжи со сојата работа, набрзо се случил нов инцидент. На снимањето на спотот на Менсон од неа барал да му помогне на маж кој бил ангажиран за снимањето, а кој се допирал за половиот орган. Откако одбила и се обидела да го напушти снимањето пејачот ја турнал во ѕидот.


Моделот Ешли Морган Смит е четвртата жена која поднела тужба против него која исто така изнела бројни обвиненија на сметка на злоупотреба и вознемирување.

Таа во тужбата тврдела дека нивната врска траела кратко и дека сексуалните односи биле консензус сè додека едно утро не се разбудила со врзани раце и нозе, а Менсон ја принудил да прави работи која таа не ги сака.

По обвинението на Еван Рејчел Вудс, шерифот од округот Лос Анџелес изјавил за британски „Metro“:

„Моментално го истражуваме случајот на семејно насилство кој го вклучува и господинот Брајан Варнер и актерката Рејчел Вудс“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг