Рецепти за топли напитоци: Оваа зима загрејте се со варено вино, варен џин или вкусен пунч

Точка

30/11/2021

12:11

41.986

Големина на фонт

а а а

Кога температурата надвор ќе се приближи до нула, време е да се загреете со топли напитоци, покрај облеката.

Идеален избор секогаш се варено вино, пунч или омилениот алкохолен пијалок - џин.

Варено црвено вино


Состојки:

- 2 шишиња црвено вино

- 2 клементини

- лимета

- 300 гр. шеќер

- 6 каранфилчиња

- ванила стапче

- 3 ловорови листови

- индиски орев

- 2 парчиња анасон

Подготовка:

Во тенџере додадете шеќер, лимета и сок од климентини. Додадете ги сите зачини. Посипете со вино колку да го покрие шеќерот и варете додека смесата не стане како сируп. По околу десет минути додадете го остатокот од виното.

Секогаш можете да експериментирате со зачините во варено вино, па во тенџерето со црвено вино можете да додадете исечен портокал, цимет, звезден анасон, мед, но и шолја силен црн чај (Earl Grey) и малку темен рум.

Бело варено вино


Состојки:

- 1 литар бело вино

- 1 и пол шолја сок од јаболко

- 1/3 мед и 1/3 суво грозје

- исечен портокал

- исечено јаболко

- 4 стапчиња цимет

- стапче од ванила

- лажица кардамон

- лажичка каранфилче

- лажичка ѓумбир

Подготовка:

Сите состојки ставете ги во подлабок сад, и варете 15-на минути.

Варен џин


Состојки:

- 250 милилитри џин

- 200 милилитри сок од јаболко

- лажичка мед

- цимет

- каранфилче

- ѓумбир

- парче анасон

Подготовка:

Загрејте 200 милилитри природен сок од јаболко со лажичка мед и додадете зачини по желба, како што се каранфилче, гумбич и/или звезден анасон. Кога ќе зоврие, тргнете го тенџерето. Во оваа смеса истурете 25 милилитри од омилениот џин. Ако имате јаболко, исечете го на кругови и додадете неколку парчиња, па послужете додека е топло. Додадете лимон за декорација.

Пунч


Состојки:

- 0,5 литри црвено вино

- 2 дл. црн чај

- 2 дл. рум

- 1 стапче цимет

- 1 ванилен шеќер

- 200 гр. кафеав шеќер

- 5 каранфилчиња

- 1 портокал

- 2 дл. вода

- мед по желба

Подготовка:

Направете 2 дл. црн чај (не го оставајте повеќе од 2 минути натопен во топла вода). Се ставаат виното, румот и водата да се загреат и се додаваат циметот, ванилниот шеќер, парчињата портокал и каранфилчето. Кога добро ќе се загрее, додадете го црниот чај. Процедете и додадете мед по желба.




Спонзорирани линкови

Маркетинг