Експлозија на туби со анхидридна киселина скриени во багажникот е можеби причината за смртта на 45-те патници во автобуската несреќа во Бугарија, пишуваат бугарските медиуми.
Според „Alarma.bg“, тубите со лесно запаливата материја која се употребува во производство на хероин и амфетамин се можна причина за трагедијата во која настрадаа 45 македонски патници, од кои повеќето деца и млади луѓе.
По ваквите шпекулации, се огласи и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој вели дека станува збор за организиран криминал.
„Зошто 4 дена никој не можеше да изврши контрола во седиштето на БЕСА ТРАНС? Зошто во Собранието не се закажуваат пратенички прашања на кои би одговарале МВР, М.Транспорт и директорот на Инспекторатот за транспорт?
Случајно ли од МВР незаконски беа издавани пасоши за нарко босовите од Турција? Зошто автобусот бил толериран да вози без лиценца 130 пати до Истанбул и назад? Зошто турите до Истанбул биле многу ефтини за патниците? Зошто изгореа 45 живи и здрави млади луѓе и деца?
Ова е организиран криминал и трагедија❗
?Зошто 4 дена никој не можеше да изврши контрола во седиштето на БЕСА ТРАНС?...
Posted by Antonio Miloshoski on Saturday, November 27, 2021
Дали оваа пеколна трагедија е цената која мораше да се плати со жртви заради организиран илегален превоз на анхидридна киселина која се користи за производство на хероин?
П.С. и зошто другите автобуси од БЕСА ТРАНС , кои ја возеле истата тура, не застанале да видат што се случило, да почекаат преживеан, да помогнат, туку веднаш заминале преку граница кон МК? Дали можеби им било побитно да избегнат било каков претрес на багажот од бугарската полиција?“, стои во Фејсбук статусот на Милошоски.