Бебе кое се гушело во Њујорк било спасено со интервенција на полицаец од њујоршката полиција, пренесува Њујорк пост.
Видеото снимено од очевидец го покажува полицаецот Мајкл Грин како го тапка по грбот бебето, кое на крајот успеало да си го врати здивот.
Сè се случило во средата наутро додека Грини бил на пат кон работа. Одеднаш, тој видел црн автомобил како брзо се движи по лентата за итни случаи.
Потоа полицаецот ги вклучил „флешерите“ и возел паралелно со автомобилот, од кој испаничен татко му рекол: „Моето бебе се гуши!“.
HERO: NYPD detective saves the life of a choking baby on his way to work in rush hour traffic pic.twitter.com/pCWUl9BdxD
— Daily Loud (@DailyLoud) December 11, 2025
По интервенцијата на полицаецот, детето било прегледано од лекар кој исто така случајно поминувал и утврдил дека е во добра здравствена состојба.
Грин служел 17 години во њујоршката полиција, на која ѝ се приклучил во јули 2008 година.
„Неговата брза акција не спаси само еден живот – туку нè потсети сите како изгледа херојството на улиците на овој град“, рече претседателот на Здружението на полицајци од Њујорк.







