По долга борба со неплодност, 50-годишна жена за првпат станала мајка: „Не сакавме да се откажеме“

Точка

27/11/2021

15:56

12.872

Големина на фонт

а а а

Сузи Трокслер отсекогаш сакала да биде мајка. Сега, на 50-годишна возраст ѝ се остварила желбата. Своето прво дете, девојчето Лили, го родила на 29 септември во болницата „Кон Меморијал“ во Северна Каролина.

„Беше нереално. Не сме повеќе само сопруг и сопруга, сега сме мама и тато“, вели Трокслер.

Таа и нејзиниот 61-годишен сопруг Тони се венчале во 2008 година и повеќе пати се обиделе да добијат дете по природен пат, но безуспешно. Дури пред 2 години парот се одлучил за вонтелесно оплодување.


По неколку неуспешни обиди, пристигна пандемијата и многу клиники за плодност беа привремено затворени. На почетокот од оваа година, на 1 февруари, Сузи и Тони одлучиле уште еднаш да се обидат и успеале.

„И еве ја Лили. Тоа беше животно патување“, додава возбудената мајка.

Поради нејзините години, бременоста била високоризична, но истата поминала без тешкотии.

Според Американскиот колеџ за акушери и гинеколози, „жените кои забременуваат подоцна во животот имаат поголем ризик од компликации, вклучувајќи прееклампсија и други здравствени тегоби“.

Меѓутоа, желбата да стане мајка била поголема од нејзината грижа за сопственото здравје.

We can't believe it's been a whole month since we welcomed our little Lily into the world?!!! Happy 1-month birthday, Baby-Girl!!!! We love you❤️!!!!

Posted by Susie Troxler on Friday, October 29, 2021

„Знаев дека еден ден ќе станам мајка. Не знаев како ќе се случи тоа, по природен пат, преку вонтелесно оплодување или посвојување, но знаев дека ќе бидеме родители. Не сакавме да се откажеме. Имавме верба во тоа, сонувавме да имаме бебе“, вели 50-годишната Сузи.

„Медицински гледано, ова беше невозможно, но таа е тука“, заклучува пресреќната мајка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг