Започнете го денот полни со енергија со едноставна вежба за дишење

Точка

27/11/2021

12:30

12.764

Големина на фонт

а а а

Сите имаме утра кога едвај стануваме од кревет и иако сѐ уште не сме ни излегле од дома, едвај чекаме да се вратиме под ќебе.

Со оглед на времето кое ѝ доаѓа, сѐ постудено и помрачно, таквите денови ќе бидат зголемени. Но, од обврските не можеме да побегнеме, а за успешно да ги извршуваме активностите во денот потребна нѝ е енергија.

За да се стекнете со енергија наутро, експертите предлагаат да одвоите неколку минути за вежба за дишењето која ќе ви помогне.


Со помош на кислородот кој ќе проструи низ клетките и телото, ќе го разбудите организмот и ќе се наполнете со батерии за новиот ден.

Еве како правилно да ја направите вежбата:

  • Заземете удобна положба и пазете грбот да ви е добро исправен.
  • Длабоко издишете од белите дробови и задржете го воздухот четири секунди.
  • Потоа наредните четири секунди полека вдишете на нос.
  • Повторно задржете го воздухот на четири секунди.

Со помош на овие вежби ќе го успорите срцевиот ритам и ќе ја подобрите концентрацијата и ефикасноста. Вежбата се препорачува да се практикува и во текот на денот, кога ќе се почувствувате уморни и без енергија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг