Ова е поранешната девојка на принцот Хари за која велат дека е најубавата која некогаш ја имал, се согласувате ли?

Точка

27/11/2021

11:34

16.012

Големина на фонт

а а а

Пред да стапи во брак со Меган, принцот Хари постојано бил во врска со убави девојки.

И додека некои постојано се надевале дека некоја од нив ќе се венча со принцот, сепак имало и такви кои се радувале дека повеќе не се дел од таа приказна.

Една од нив е и некогашната манекенка Флоренс Сенд Џорџ. Оваа млада жена и денес многумина ја сметаат за најубавата поранешна девојка на принцот Хари, а таа неодамна првпат проговорила за врската со него. Хари и Флоренс биле заедно во 2011 година, но најголемиот проблем во тој однос било вниманието на медиумите. Како што Флоренс истакнала, нејзината приватност нагло била прекината кога почнале да излегуваат заедно со принцот.


„Сите мои пријатели од училиште беа сослушани, а на мојот татко новинарите му „кампуваа“ пред влезната врата“, изјавила девојката.

Таа во 2014 година се венчала со мултимилионерот Хенри Сент Џорџ и рекла:

„Им симнувам капа на оние луѓе кои можат да живеат таков начин на живот, но јас знаев дека не можам да го правам тоа“.

Додала и дека иако тогаш била тажна што ја прекинала врската со принцот, денес е благодарна поради тоа.


Инаку, убавата Флоренс пред Хари се забавувала со популарниот возач на Формула 1 Џенсон Батон, така што вниманието на медиумите не било непознато за неа.


Флоренс истакнала дека останала во добри односи со Хари, но дека тој подоцна морал да го прекине контактот со сите поранешни девојки откако влегол во врска со Меган.




Спонзорирани линкови

Маркетинг