Синот на вториот возач на автобусот за „БНТ“: Татко ми спиел во кабината, бев во Софија и го препознав телото

Точка

25/11/2021

14:17

3.939

Големина на фонт

а а а

Репортерите на Бугарската национална телевизија „БНТ“, го пронашле синот на вториот возач на автобусот кој во моментот на трагичната сообраќајна несреќа која се случи на автопатот „Струма“ спиел во специјалната кабина за одмор на возачите, во средишниот дел на автобусот.

Истоимената бугарска телевизија открива дека Кадри Мемеди е името на вториот возач, а неговиот син Басер, ексклузивно за „БНТ“ изјавил дека телото на неговиот татко било пронајдено во кабината за спиење.

Инаку, синот бил во Бугарија за да го препознае телото, па се вратил дома.

Неговиот татко имал 54 години и над 20 години искуство. Често патувал во Германија и Турција и ги знаел рутите. Автобусот бил технички исправен, вели неговиот син.


Басер исто така тврди дека „Беса Транс“ има сервис и во Турција, а неговиот татко заминал во четвртокот, а во петокот веќе бил во Турција.

Кадри во петокот оттаму му се јавил на синот. Во автобусот не дозволувал да влезат патници со опасен багаж, ниту пак пиротехнички средства, ниту гориво.

Од списокот на преживеани во несреќата, според Бесар, кој не е на списокот за патници на „Беса транс“ има еден – со име Шади Науф ал Салех.




Спонзорирани линкови

Маркетинг