Роџерс за Манчестер јунајтед: Не сум дел од таа приказна

Макфакс

25/11/2021

11:17

804

Големина на фонт

а а а

Менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс, ги демантираше новинарските шпекулации, дека тој ќе биде новиот тренер на Манчестер јунајтед.

Роџерс, медиумите го поврзуваа со клубот од „Олд Трафорд“ и додека Оле Гунар Солскјер беше тренер. Откако Солскјер доби отказ, Роџерс наводно е еден од најсериозните кандидати за тренер на „црвените ѓаволи“.

„Тоа не е точно. Се додека не најдат тренер ќе има секакви шпекулации. Јас сум посветен на мојата работа во Лестер. Овде сме насочени кон развојот на фудбалерите. Јасно ми е дека сакате да имате ексклузивни приказни, го почитувам тоа што поставувате прашања, но јас не сум вклучен во таа приказна“, рекол 48-годишниот тренер.

Покрај Роџерс, досега Јунајтед го одбија Зинедин Зидан, Маурисио Покетино, Луис Енрике и Ерик тен Хаг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг