Урнебесен гаф во емисија во живо: „Никогаш не сум имала сипаници, Рејмонд. За што зборуваш?“

Точка

19/11/2021

15:57

11.708

Големина на фонт

а а а

Лора Инграм и Рејмонд Аројо станаа хит на социјалните мрежи по разговорот во живо на „Fox News“ за сипаници.

Водителката на „Fox News“, Лора Инграм, стана хит на социјалните мрежи откако во преносот во живо никако не можела да се разбере со гостинот Рејмонд Аројо. Имено, тие двајца разговарале за родителите кои одбиваат да ги вакцинираат своите деца, а Аројо притоа ја споменал и популарната серија „You“.

- „Гледав епизода од „You“ (Тебе) во која се појавија сипаници“, кажал Рејмонд, а на тоа Инграм останала збунета бидејќи помислила дека тој зборува за неа.

- „Чекај, чекај, кога споменав сипаници?“, го прашала таа.

- „Тоа беше на „You“ (Тебе)“, ѝ возвратил тој.

- „Никогаш не сум имала сипаници, Рејмонд. За што зборуваш? Ова е глупаво“, возвратила таа.

- „Тоа е серија која се нарекува „You“, на Нетфликс“, сè повознемирено зборувал Аројо.

- „На Нетфликс постои серија која се нарекува Лора Инграм?!“, вели водителката во видеото.

- „Заборави, на тебе не може да ти се објасни“, завршува Аројо.

Исечокот од емисијата стана апсолутен хит на социјалните мрежи и предизвика смеа кај многумина, а за целата ситуација се огласил и самиот Рејмонд Аројо кој тврди дека истата сепак била испланирана и намерна.

„Верувајте ми, беше тотално намерно“, напишал тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг