Двегодишно девојче за прв пат ставило очила, па се воодушевило од светот околу себе

Точка

13/11/2021

18:23

11.629

Големина на фонт

а а а

Видот го земаме здраво за готово, додека не го изгубиме. А колку е ова чувство драгоцено, најдобро доловува реакцијата на ова двегодишно девојче со оштетен вид, кое конечно добило очила.

Кога ги ставило на лице, девојчето се воодушевило од светот околу себе и на среќата и немало крај.

Трогателното видео било објавено на 11-ти ноември, а "главната актерка" ги освоила срцата на луѓето од целиот свет.

"Уживам додека гледам како ги вади па повторно ги става очилата. Не и се верува па се смее. Непроценливо", напишало едно лице.

"Чудно. На раб на солзи сум, но од среќа", вели друга.