На фановите ова им се допаднало, но соиграчите не го послушале Шкотот.
Во дербито на најтрофејните клубови во Англија, "Црвените" од Ливерпул како гости ги понижиле "црвените ѓаволи" од Манчестер со резултат 5-0.
Можело да биде и полошо по навивачите на домашните бидејќи петтиот гол Ливерпул го постигнал во 50-тата минутата, а потоа Јунајтед останал и со играч помалку.
Во текот на прославата на петтиот гол, а третиот на Мохамед Салах, еден играч на гостите посебно сакал машината на Јирген Клоп да продолжи да ги "меле" омразените ривали.
Левиот бек Енди Робертсон им викал на играчите: "Продолжете вака, бидете немилосрдни, ајде".
На навивачите ова им се допаднало, но соиграчите не го послушале Шкотот. Резултатот останал 5-0. Секако понижувачки за Манчестер, но можело да биде и полошо...