Иако глумицата заработува милиони, сепак носи чанта од 80 долари

Точка

23/10/2021

12:30

9.672

Големина на фонт

а а а

Ѕвездите можат да носат прилично скапи работи, така што секогаш е интересно кога ќе се појават со модни парчиња кои се со навистина пристапни цени. Уште поневеројатно е кога тој предмет ќе им се допадне, па го носат цело време

JW Pei е чанта направена од веганска кожа и рециклирана пластика со внатрешност од антилоп. Вистинската карактеристика е згужваната рачка, поради која минималистичката торба е уникатна.

Оваа чанта ја носела Меган Фокс во Њујорк. Ја искомбинирала со чипкаст кроп топ, чипкасто мини здолниште, долг црн капут и чизми.


По вторпат била забележана синоќа кога ја носела истата чанта, но во светло сина боја. Фотографијата од Фокс на Инстаграм ја споделил нејзиниот стилист Маев Рајли. Глумцата ја искомбинира чантата со блејзер, фармерки и црни штикли.

Оваа чанта има импресионивни 5,3 милиони прегледи на Тик Ток, што докажува дека е омилена помеѓу трендсетерите и инфлуенсерите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг