(Фото) 9-годишниот Никола е првиот донор на матични клетки во земјава: Донирал коскена срцевина со што ја спасил својата сестричка

Точка

22/10/2021

13:03

3.390

Големина на фонт

а а а

Деветгодишниот Никола, весело момче кое сака да биде фудбалер, е првиот донор на матични клетки во земјава, со што ја спасил својата сестра Ана Марија, напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил и додаде дека и двете деца се за восхит.

„На Ана Марија ѝ беше извршена трансплантација на коскена срцевина и таа ја победи опасната болест. Ова прекрасно семејство го запознав на Клиниката за хематологија, си заминаа од болница по долгиот третман кој го водеше стручниот лекарски тим на Клиниката. На моите колеги им честитам за уште еден успех и триумф над опасната болест. На Ана Марија и Никола им посакувам безброј среќни моменти и многу здравје“, стои во објавата на министерот.

Ана Марија и нејзиниот мал брат Никола се деца за восхит! ? Ова деветгодишно весело момче што сака да биде фудбалер, е...

Posted by Венко Филипче on Friday, October 22, 2021



Спонзорирани линкови

Маркетинг