Стилската икона се појавила во Лондон, а она што го носела е спектакл, а не фустан: Моќно издание во кое е невозможно да не гледате маѓепсано

Точка

19/10/2021

22:21

12.488

Големина на фонт

а а а

Вчеравечер на специјалната проекција на новиот филмски хит „Dune“ во Лондон присуствувале ѕвездите на ова остварување, но и сите кои на некој начин учествувале во неговото создавање.

Посебно внимание со своето модно издание привлекла Зендеја, уште еднаш потврдувајќи дека со право ја носи титулата на икона на стилот.

Убавата 25-годишна актерка веќе со години е на врвот на листите на најдобро облечени жени на светот, а пред неколку дена познатиот моден магазин „InStyle“ конечно ја прогласи и за најдобро облечена славна дама во изминатата година.


Зендеја на проекцијата се појавила во спектакуларна креација на брендот „Rick Owens“ која ја истакнувала нејзината витка фигура. Овој светкаво бел фустан на едно рамо и со впечатлив горен дел го одземал здивот, а бидејќи самиот е доволен, Зендаја од аксесоари носела само мали дискретни обетки и неколку тенки нараквици.


Сепак, актерката се определила за необична шминка и фризура и целата модна приказна ја изнела на одличен начин.


Покрај оваа убавица, публиката ја маѓепсал и шармантниот Тимоти Шаламе, кој е исто така познат по специфичниот стил на облекување. Тој се појавил во црно одело со сребрени патенти, а како и вообичаено, само ја разбушавил својата препознатлива долга кадрава коса.


Во продолжение погледнете ги изданијата и на останатите актери од филмот:




Спонзорирани линкови

Маркетинг