Дигитализацијата е неминовен процес чие успешно имплементирање се случува во различни сегменти од нашето општество. Адвокатите и адвокатските канцеларии не се исклучени од овој процес.
За нив дигитализацијата е можност за унапредување на своето работење, за полесно организирање на документите, брз пристап до проекти од различни локации, и пред се поради поголема безбедност и сигурност на податоците. А првиот чекор кон вистинско придвижување кон дигитализација е избор на дигитална платформа/решение, кое нуди сигурна инфраструктура, одржување и поврзување и заштита на податоците.
Нашата земја полека станува и генератор на такви услуги, а таков пример е платформата „Е-Адвокат“ на скопската компанија Markant Software. Се работи за cloud базирано решение за комплетно водење на адвокатска канцеларија. Тоа овозможува олеснување на работата, поголема ефикасност и прегледност, заштита на податоците, со што влијае кон подигање на нивото на работа, ја намалува папирологијата и резултира во помалку административна работа. Со „Е-Адвокат” секој адвокат, се прилагодува на новото време, станува конкурентен и добива можност да одбере како да го приоретириза времето наместо со часови да се задржува на едноставните работи кои можат да бидат извршени дигитално.
Шанса за адаптирање на промените кое никогаш не е лесно, но е процес преку кој се учи повеќе за професијата и можност за откривање на нејзиниот вистински потенцијал. Со е-адвокат адвокатите стануваат поорганизирани, попрофесионални имаат полесен и побезбеден пристап до податоци, од било кое место и време, што остава простор да се посветат на своите правни постапки, на креирање стратегии и да ги даваат најдобро можните совети за своите клиенти.
Платформата „Е-Адвокат“ е најдобриот партнер на секој адвокат, дигитално решение кое веќе и на краток рок носи бенефити, многу конкретни и рационални. До, вас е дали сaкате да се развивате и модернизирате!
Комерцијален текст