Атрактивната Бразилка во центарот на вниманието и на стадионот Реал Мадрид

Точка

17/10/2021

12:00

6.948

Големина на фонт

а а а

Каролина Лима од Бразил е поранешна девојка на бразилскиот фудбалер Нејмар, а сега е во врска со уште еден фудбалер.

Оваа атрактивна русокоса е сегашна девојка на Едер Милитао и редовно го следи секој натпревар на Реал Мадрид од трибините. Од тоа место често објавува снимки на Инстаграм, а на оваа социјална мрежа има повеќе од 1,4 милиони следбеници.

Покрај тоа, таа своите машки фанови редовно ги радува со разголени фотографии, а на своите Инстаграм-стори ги објавува најинтересните детали од натпреварите, па ова и тоа како ги радува навивачите на социјалните мрежи на Реал.

Лима е добредојден гостин на стадионот и поради нејзиниот атрактивен изглед, а очигледно е слаба на фудбалерите, со оглед на тоа дека своевремено била во врска со Нејмар.

Едер Милитао нивната врска ја објавил дури ова лето, кога ставил нивна заедничка фотографија на Инстаграм.



Спонзорирани линкови

Маркетинг