Борусија Дортмунд беше приморана да го продаде Џејдон Санчо изминатово лето, не само за да покрие дел од загубите кои ги предизвика коронавирусот, туку и поради фактот што фудбалерот изрази огромна желба да се пресели во Манчестер Јунајтед.
Како и обично, „милионерите“ не правеа премногу проблеми за реализирање на зделката откако ја добија посакуваната сума од клубот од „Олд Трафорд“, но бидејќи веќе на големо се зборува за второ големо заминување од „Сигнал Идуна парк“ наредното лето, извршниот директор Вацке сега го крена гласот во јавноста.
Искусниот оперативец на Борусија е задолжен за сите најважни операции поврзани во клубот, па сега реши да им испрати дрска и вулгарна порака на сите трансфер експерти од Германија кои уште пред отворањето на јануарскиот преоден рок, почнаа да му бараат клубови на Норвежанецот.
– Слушам што велат експертите, дека ќе мора да го продадеме Халанд наредното лето. Ќе кажам само едно. Одлуката за тоа кој си оди од нашиот клуб ја носиме ние, Управниот одбор на Борусија.
– Сето она што се пишува е вистинско срање, последниот збор го имаме ние тука во Борусија. Се уште немаме донесено одлука дали ќе го пуштиме да си оди. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите, премногу е рано. Во еден момент, Халанд ќе игра за еден од најголемите клубови во светот, но и сега игра за еден од најдобрите клубови во светот, – изјави Вацке.