Лајчак вознемирен за ситуацијата во Косово, повика на смирување на тензиите

Макфакс

21/09/2021

18:36

3.462

Големина на фонт

а а а

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, рече дека е загрижен за ситуацијата во северно Косово и повика на смирување на тензиите.

„Ги известив шефовите на мисиите на ЕУ за ситуацијата на северот на Косово. Загрижен сум и повикувам на итна смиреност“, напиша Лајчак на Твитер.

За Лајчак според напишаното, важно е да се намалат тензиите, да се врати мирната атмосфера и да се дозволи слобода на движење.

Тој е во посета на Белград, од каде вели дека разговарал за ситуацијата на северот на Косово и со амбасадорите на ЕУ.

„Подготвени сме да посредуваме во разговорите за сите отворени прашања во дијалогот меѓу Белград и Приштина“, вели тој.

Инаку, од вчера на два гранични премини на северот на Косово, Јариње и Брњак, беа распоредени припадници на Специјалната единица на косовската полиција.

Граѓаните од северно Косово се собраа на граничните премини за да изразат незадоволство од воведувањето на реципрочни мерки за регистарските таблички.



Спонзорирани линкови

Маркетинг