Неколку дена откако стана јасно дека Кристијано Роналдо се сели во Манчестер Јунајтед, Јувентус официјално се збогуваше со португалската ѕвезда.
Со емотивен текст полн со комплименти и потенцирање на постигнатите бројки на Роналдо, Јувентус само ја потврди разделбата со фудбалерот кој пред крајот на преодниот рок реши да се врати на „Олд Трафорд“.
Италијанскиот клуб ги објави и бројките поврзани со трансферот, а според истите, Јувентус ќе заработи 15 милиони евра и евентуални 8 милиони евра во вид на бонуси кои би се активирале дополнително.
Англискиот клуб ќе ја исплати трансфер сумата преку еднакви рати наредните пет години.
Роналдо мина три сезони во Јувентус и освои повеќе трофеи, но Јувентус и со негова помош не успеа да стигне подалеку од четвртфиналето на Лигата на шампионите.
La Juventus saluta @cristiano.
— JuventusFC (@juventusfc) August 31, 2021