Била тешка колку јаболко: Најмалото бебе на светот е пуштено дома после 13 месеци поминати во болница

Точка

09/08/2021

13:42

3.501

Големина на фонт

а а а

Најмалото бебе во светот е конечно пуштено дома после 13 месеци поминати во болница во Сингапур. Квек Ју Сиуан тежела само 212 грама кога се родила - тежина колку на едно јаболко, а била само 24 центиметри долга, пренесува Би Би Си. Таа е родена во 25-та недела, што е далеку од терминот.

Мајката се породила со царски рез четири месеци порано откако ѝ била дијагностицирана преклампсија - висок крвен притисок кој може да биде фаталан и за мајката и детето.

Ју Сиуан која при раѓањето имала ограничени шанси да преживее сега има 6,3 килограми.


"Против сите правила со силните здравствени компликации кои ги имаше при раѓањето, ги инспирираше луѓето кои ја опкружуваат со својата истрајност да растат, со што ова бебе е Ковид-19 бебе - трошка надеж после сиот немир", напишале од болницата во која е родена.

За време на престојот во болницата Ју Сиуан била на различни третмани, прикачена на различни апарати со цел да преживее. Нејзиното здравје се подобрило под будното око на докторите и сега е доволно добро да може да оди дома.


Таа сѐ уште има хронична пулмонална болест и ќе ѝ биде потребна помош при дишење и кога ќе биде дома. Сепак, лекарите сметаат дека со текот на времето ќе биди подобро.

Нејзината мајка, Вонг Меи Линг за локалните медиуми рекла дека големината на бебето ја шокирала со оглед на тоа дека првото бебе се родило во точен термин.


Родителите успеале да го исплатат долгиот престој на нивното бебе со помош на кампања со која биле собрани 270.601 долар.

Пред ова, најмалото бебе на светот е родено во 2018 година во Ајова со само 245 грама.