Видео: Ширењето на пожарот кај Делчево е критично – неопходна евакуација на две села

Макфакс

05/08/2021

16:24

2.562

Големина на фонт

а а а

Жителите од критичните реони во село Нов Истевник и Стар Истевник зафатени со големиот пожар да се евакуираат во градската средина, порача градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски.

„Поради алармантната состојба на теренот, неконтролираното ширење на пожарот и силниот ветар, а со цел да не се загрозат човечки животи, неопходна е евакуација на жителите од селото Нов Истевник заедно со сите селски маала: Пасјак, Балабанци, Курачко Маало, како и на жителите од селото Стар Истевник“, нагласи делчевскиот градоначалник.

Апел за евакуација на жители од критичните реони во с. Нов Истевник и Стар Истевник!

Апелирам до жителите од критичните...

Posted by Горан Трајковски - Градоначалник на Општина Делчево on Thursday, August 5, 2021

Тој воедно апелира жителите да бидат крајно внимателни и да не се движат во критичните реони.

„Поради неконтролираното ширење на пожарот се предупредуваат и жителите на селото Тработивиште да бидат крајно внимателни и да ја следат состојбата со цел брза реакција доколку пожарот земе посилен замав во атарот на селото“, истакна Трајковски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг