Најбавната трка на сите времиња: „WhatCar?“ одлучи да спротивстави 4 најбавни градски автомобили на трка во забрзување

Точка

02/08/2021

21:26

21.014

Големина на фонт

а а а

Во европските градови се возат и некои по малку чудни микро автомобили, а наскоро ќе им се придружат уште вакви возила.

Ако мислевте дека „Twingo“, „Citroen C1“, „Smart ForTwo“ и слични модели се минимумот до кој може да се оди, се излажавте. Постојат помали, но и забележливо послаби, па не е изненадувачки што некои од овие автомобили можат да ги возат и 14-годишници (како што е случај во Франција).

Британскиот „WhatCar?“ одлучи да спротивстави 4 такви електрични автомобили на трка во забрзување.

Помеѓу нив е „ветеранот“ „Renault Twizzy“ кој наскоро ќе наполни 10 години на пазарот. Со помалку од 20 коњски сили, не е „снагатор“, но е значително помоќен од „Citroen Ami“ кој во Европа се нуди на наем по цена од 19,99 евра месечно.

Следува луксузно опремениот „Micro Electric“ со цена на „нормален“ автомобил и моќност од само 10 коњски сили. Конечно, тука е „REVAi“, најстариот и технолошки застарен модел со корени од почетокот на милениумот.

Погледнете го видеото:



Спонзорирани линкови

Маркетинг