И по најголемите жештини може да изгледаме стилизирани: 3 летни изданија на Ана Ивановиќ кои на обичниот ден му даваат шик нота

Точка

29/07/2021

16:03

4.577

Големина на фонт

а а а

Минатата седмица беше преполна со модни погодоци кога станува збор за спортистите.

Некогашната тенисерка Ана Ивановиќ позната е по исклучителниот моден вкус и модни комбинации кои се атрактивни и во склад со најновите трендови, практични, а очигледно дека летото нејзе посебно ја инспирира.

Ана прво позирала во шик комбинација составена од беж здолниште и краток топ, носела и бели патики со зелени детали и дискретна зелена чанта украсена со златен синџир.

Потоа Ана покажала како ужива во врелите летни денови, па позирала во мини здолниште, бел топ со цветен дезен, бели патики и црно-жолта чанта.

Третото издание во кое позирала Ана можеби е најудобно, составено од комотни панталони со впечатлив бел дезен и „лесна“ тегет блуза и патики со идентична нијанса на боја.

Сите три комбинации се и повеќе од прикладни за неформални пригоди како на пример дневна прошетка, пријатни се и ѝ овозможуваат на кожата „да дише“ во овие летни и жешки денови.




Спонзорирани линкови

Маркетинг