Погледнете како полската полиција ги фаќа неодговорните возачи: Никој од нив не знае од каде ги снимаат

Точка

28/07/2021

13:48

35.861

Големина на фонт

а а а

Полските возачи не ни сонувале дека полицијата може да ги сними од агол од кои тие никако не можат да ги видат.

Полицијата во Полска користи дрон за да ги фаќа неодговорните возачи, а потоа патролата само ги дочекува подолу на магистралата.

Видеото направено од страна на полицијата на оваа земја прикажува како возилата се следат со помош на дрон додека претекнуваат други возила преку полна линија, а возачите се несвесни дека нивните прекршоци ги детектираат од небото.

Полициските беспилотни летала се доволно мали и летаат доволно високо за возачите кои прават прекршоци да не можат ни да ги забележат.

Дури кога сообраќаецот ќе застане на патот за да ги стопира, тие претчувствуваат дека тоа е поради претходниот прекршок, но дури ни тогаш не знаат како се фатени поради истиот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг