Потресно сведоштво на Маестро Џамбазов за земјотресот: „Чудо е што Игор остана жив!“ - не изостана емотивна порака ниту од актерот

Точка

26/07/2021

22:37

7.329

Големина на фонт

а а а

Денеска се одбележуваат 58 години од земјотресот кој со јачина од 6,1 степен по Рихтер и епицентар на длабочина од 5 до 7 километри го сруши до темел Скопје.

Главниот потрес траел 20 секунди, а помали имало до 5 часот и 43 минути. На 26-ти јули 1963-та година, во 5:17 изутрина 1.070 лица го загубиле животот, а околу 4.000 биле повредени под урнатините.

Композиторот Александар Џамбазов се сеќава на земјотресот во 1963-та година. Тој за „ТВ21“ зборувал за миговите кога се случил страшниот потрес, и рекол дека е вистинско чудо што Игор останал жив, кој тогаш имал само 11 дена.

Џамбазов открива дека Игор како да претчувствувал - почнал да плаче порано од вообичаеното, па неговата сопруга Анче го земала во својот кревет, и тоа го спасило.

„Јас лежев на еден кревет, на друг Анче, а меѓу нас Игор. И тој почна да плаче нешто порано. Само неколку секунди откако Анче го извади Игор од колевката, почна силно да тресе. Дел од ѕидот на таванот се изрони и големо парче падна токму на неговото креветче. Да не реагираше Анче навреме, не сакам ниту да помислам што ќе му се случеше на нашиот син тогаш“, рече Џамбазов.

После потресната исповед на неговиот татко, актерот се огласи на својот Инстаграм профил и објави фотографија од првите денови од неговиот живот.

„Само што сум дошол на овој свет, со мама од болница сме се вратиле дома, а тато не можел да ми се изнарадува. Поминале точно 11 дена… и тогаш, земјата се отворила, како да сакала да нè проголта. Земјотресот и јас сме врсници“, емотивно напишал Игор под фотографијата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг