Видео: Познатата актерка пред сите ја свртела главата и ги игнорирала Кејт и Вилијам - еве зошто

Точка

16/07/2021

17:01

9.267

Големина на фонт

а а а

Како што може јасно да се види од видеото објавено од „Дејли Мејл“, но и на неколку фотографии, холивудската акерка Пријанка Чопра, исто така добра пријателка на Меган Маркл, толку очигледно го игнорирала појавувањето на војводата и војвотката од Кембриџ, за што јавноста нема лесно да ѝ прости.

Видеото, кое истиот момент станало вирално, ја прикажува 38-годишната индиска актерка која, додека целата ВИП ложа на Вимблдон аплаудира на доаѓањето на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, само неколку реда пред неа, таа ги игнорира и си ја мести марамата околу вратот.

На многу други фотографии, јасно е видливо како Пријанка ја врти главата на балконот на главниот терен, додека се движеле кон ВИП делот после одиграното женско финале.

Многумина сметаат дека тоа е всушност одговор на Пријанка Чопра на однесувањето на кралското смеејство кон нејзината пријателка Меган, поточно на деловите од нејзиното интервју кај Опра Винфри, во кое војвотката од Сасекс не беше 'блага' кон својата јатрва.

За потсетување, Меган во големото интервју тврдеше дека Кејт ја повредила и расплакала неколку дена пред венчавката, а Пријанка очигледно тоа добро го запаметила.

Социјалните мрежи поради оваа случка веднаш се 'распламнале', а многу корисници на истите тврделе дека Пријанка треба да поработи на своите манири, но и на бонтонот.

Инаку, Меган и Пријанка се спријателиле во јануари, 2016-та година, после вечерата одржана од страна на магазинот „Elle“, на која се собрале жени од телевизиската работа. Потоа станале прилично блиски и продолжиле да контактираат преку мејлови и пораки.

Славната индиска актерка дури била поканета на кралската венчавка во мај, 2018-та година, но Меган не возвратила на повикот за нејзината венчавка со Ник Џонас.

Поради тоа наводно навредената Пријанка одбила да отиде на забавата за дарување на бебето на Меган Маркл, одржано во Њујорк.