Твитер 'гори' после нашиот историски настап на Европско: „Момците на чело со Пандев заслужија да ги пречекаме и да поминат низ Триумфалната“

Точка

21/06/2021

22:03

4.910

Големина на фонт

а а а

Со три порази на исто толку одиграни натпревари, репрезентација на Македонија го заврши својот историски прв настап на едно големо фудбалско натпреварување, во случајов Европското првенство.

По поразите од Австрија и Украина, во Букурешт, попладнево македонските фудбалери се поразени и од Холандија во последното коло од Ц групата.

Горан Пандев го одигра последниот натпревар, нашиот капитен ја доби почитта од сите на стадионот, и од Холанѓаните кои му подарија специјален дрес, и од соиграчите кои го испратија со шпалир кога беше заменет.

Загубивме, но не разочаравме, резултатот не е слика на играта. Можеме да бидеме горди на настапот на нашата репрезентација и на денешниот натпревар и во текот на целото Европско првенство.

Еве што вели Твитер екипата откако го завршивме нашиот прв историски настап на Европското првенство.





Спонзорирани линкови

Маркетинг